Ангелов: Пожарот кај Ласкарце се гасне со два армиски хеликоптери

од desk4
240 прегледи

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов преку фб статус информира дека за гаснење на пожарот над селото Ласкарце е напревен план.

-Денес околу 16.00 часот, по однапред направен план на приоритети од страна на Главниот Штаб, двата армиски хелихоптери проодлжуваат со гаснење на пожарот над с. Ласкарце.
Вчера и денес претпладне хелихоптерите и противпожарната бригада дејствуваа врз овој пожар кој се движи по исклучително стрмен терен и сеуште е активен но не претствува опасност за околните села, напиша Ангелов на „Фејсбук“.