Пожарот е ставен под целосна контрола. Нема опасност од негово ширење, но гаснењето продолжува. Чадот што се крева не ја дава вистинската слика. Моментално гаснат само пожарникарите од Тетово, со помош на механизација, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за пожарот во склад за пластични материјали и стиропор.
Според Ангелов, нема опасни и отровни материи на местото на пожарот.
-Освен оние ПМ честички, директна опасност нема. Како граѓани на земјава, треба да ги почитуваме овие херои. Многу храбри луѓе влегоа во пожарот. Не треба само затоа што се од Македонија да ги потценуваме. Денес сите беа на висина на задачите. Немаме ниту еден загинат или повреден. Треба да научиме да го цениме своето, рече Ангелов.
-Кај нас е проблем што сите се стручни за се. Не можат обичните граѓани да знаат како се гаси пожар, додаде директорот на ЦУК.