Ангелов предупредува: За еден месец можни се поплави

од Берта Китинска
262 прегледи

За еден месец ќе има големи поплави, согласно проценките, кажа директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, вечерва во „Клик Плус“.

„Заедно со луѓето од проценка на ризик и загрозување, за неколку недели од сега или за еден месец заклучивме дека ќе следат поплави во Македонија . Затоа што по ваквите суши вообичаено  се појавуваат поплави . Тоа не значи дека сигурно ќе има. Затоа сега ги предупредувам градоначалниците да ги исчистат каналите. Направив прес-конференција и пред пожарите каде предупредив дека тоа ќе се случи, кажа Ангелов.

Слични содржини