Ангелов: Претходната Влада немаше слух за враќање на двајцата пензионирани пилоти

од Nikola Popovski
237 прегледи

Во моментов има неколку повредени пожарникари по справувањето со пожарите во земјава. Како што информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов има пожарникари кои што се здобиле со изгореници, како и еден жител на населено место.

-Завчера командирот на Штипската противпожарна единица ги скрши и двете раце, паѓајќи во провалија. Заедно со него паднал и уште еден пожарникар кој што исто така ја скршил раката. Ден претходно, на планината Серта, пожарникар-доброволец исто така ја скршил раката, паѓајќи од квадрицикл, рече Ангелов, додавајќи дека пожарите зафаќаат голема површина.

Вели дека штетата допрва ќе се утврдува, но, првичните информации како лична перцепција, на Серта најмногу изгореле трева, грмушки, нискостеблести растенија и во мал процент зимзелена шума.

-Еколошката штета на Серта е голема, како и економската штета од ресурсите кои ги ангажиравме.

Околу недостатокот на пилоти кои би управувале со „ер-тракторите“, Ангелов вели дека жали што претходната Влада немала слух за враќање на двајцата пензионирани пилоти во рамките на ДЗС.

-Со формирањето на новата Влада, беше донесена одлука да им се дозволи на ДЗС да ги ангажира во услови кога немавме избор, рече првиот човек на ЦУК за пилотите, но не даде одговор на прашањето дали ќе се ангажираат нови пилоти.

Ангелов уште во јуни изјави дека освен хеликоптерите на МВР и АРМ на располагање во гаснењето на пожарите се и три „ертрактори“ во сопственост на ДЗС, но оти тие се нефункционални поради пензионирањето на двајца пилоти.

Слични содржини