Ангелов: Се надеваме дека новата политичка влада на Бугарија ќе постигне договор со С.Македонија

од Берта Китинска
323 прегледи

Разговорите продолжуваат, тие никогаш не запреле и се водат доверливо меѓу двете министерства за надворешни работи, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов.

-Се надевам дека ние ќе добиеме нова влада. Утре е првата сесија на новиот Парламент на Бугарија и се надеваме дека новата политичка влада ќе постигне договор со Владата на Северна Македонија. Треба да оставиме да се формира владата, затоа што во Парламентот има седум политички партии и е многу тешко постигнувањето на решение. Така што, се надевам дека прво ќе избереме влада за да може да се дојде до решение, рече Ангелов.

Запрашан за 16-те пресуди од Европскиот суд за човекови права за прекршување на правата за здружувањето на македонското малцинство во Бугарија и негирањето на македонско малцинство, како и на инсистирања на Софија за почитување на правата на бугарското малцинство во Северна Македонија и дали тоа бугарската страна го крши Договорот за добрососедство, Ангелов вели дека проблемот е што Договорот за добрососедство од 2017 година не се исполнува од македонска страна, но и, како што вели, дека нема претензии од Бугарија за бугарско малцинство во земјава.

-Договорот за добрососедство не се исполнува и тука е целиот проблем. Ние бараме тој да започне целосно да се исполнува во сите аспекти. Бугарија во Уставот како и Франција не признава малцинства, сите граѓани се еднакви пред законот, односно не признаваме колективни права, секој има индивидуални права да се чувствува како што сака и ние тоа не меже да го забрзаниме, ниту правото да се здружува. Тука има уште една неоснована теза дека ние никогаш не сме претендирале дека има бугарско малцинство во Република Северна Македонија, рече амбасадорот Ангелов.

Слични содржини