Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов утрово даде повеќе информации за големиот пожар што е активен на потегот покрај патот Скопје-Блаце. Огнената стихија се развила во текот на ноќта, при што зафатила и делумно шума.
-Рано утринава, Скопската противпожарна бригада со повеќе возила и екипи започна со гаснење. Како помош се приклучија и два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер за прв пат еден Пинцгауер на ДЗС и еден Хермелин со поголема цистерна на ДЗС. Покрај нив на лице место има поголем број пожарникари, пожарот е ставен под делумна контрола“ кажа Ангелов.
Според него, за жал се уште има активни два краци.
-Едниот предмалку е ставен под контрола благодарение на полицискиот хеликоптер кој што со прецизно дејство со вода успеа да го спречи неговото ширење, рече директорот на ДЗС и најави повеќе информации во текот на денот.