Човек со здрав разум не би употребил нуклеарно оружје, вели Стојанче Ангелов директор на ЦУК во „Студио 10“ во врска со заканите кои Путин ги упатува.
Тој вели дека било каква нуклеарна војна ќе доведе крај на светот. Ангелов напоменува нашиот систем системот за тревожење е нефункционален.
-Да не се лажеме подземните бункери можат да заштитат одреден број на луѓе на долг рок.Сирените не работа, дел од нив кои се во функција не се врзани во системот кој не е во функција повеќе од 30 години. Ние покренавме барање до ЕУ фондовите да ни обезбедат средства за да поставиме нов систем. Во случај на било каква непогада верума дека ќе има доволно струја за преку телевизиите и мобилните граѓаните да бидат информирани, вели Ангелов.
Ангелов нема информации за состојбата со бункерите оти тоа е работа на друга Агенција – ДЗС, но како поранешен генерал на полицијата знае дека состојбата со скривниците не е добра. Еден дел од бункерите се функционални, но поголем дел се запустени.
– Не е исто местото каде ќе се случи нуклеарна хаварија. Ударниот бран во ваков нуклеарен судир меѓу Русија и Украина не би стигнал во Македонија, но ќе стигнат последиците во вид на радиоактивен облак. Затоа треба да се има подруми, веи Ангелов.