Во моментов гори фабрика за гипс-картони и други материјали. Пожарот е активен и не е локализиран. Сè уште чекаме информации за предизвиканото загадување бидејќи здравјето на граѓаните во околината е најважно. Првичните информации велат дека нема ослободување на отровни гасови. Побаравме и извештај од стручни лица за квалитетот на воздухот“, изјави Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи.
Тој истакна и дека на барање на пожарникарите, од МВР испратиле хеликоптер поради брзото ширење на пожарот.
„Хеликоптерот не испушташе вода врз објектот бидејќи пожарот е внатре и водата не би можела да продре преку покривот и плочата под него. Поради тоа хеликоптерот се користи за да се пресече линијата на ширење на пожарот надвор од објектот. Во близина на пожарот, на неколку стотина метри има боци со плин и затоа ни беше важно да биде прекината линијата на ширење на огнот кон нив. Тоа што се наоѓа во објектот ќе изгори и не можеме да го спасиме, па затоа целта ни е да спречиме понатамошно ширење, нема опасност од експлозии“,
изјави Ангелов.
Ангелов одговори дека ова е максимумот бидејќи тврди дека во сличен пожар во Америка тамошните пожарникари реагирале побавно.
„Сличен ваков пожар гледав во Америка и таму пожарникарите беа побавни од нас. Ваквите пожари се шират бргу и тешко се гаснат поради материјалите кои согоруваат. Ова е максимумот што може да се направи“, одговори тој.