Снежните врнежи не треба да не изненадат во декември и јануари нормално е овие месеци да падне снег, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов истакнувајќи дека вчера имало координативен состнок на субјектите кои се вклучени во системот за управување со кризи и таму било конататирано дека ЈП „Македонија Пат“ има план за делување. Проблем, според него, може да претставува малиот број возила со кои за оваа намена располага јавното претпријатие.
-За жал од она што можевме вчера да го констстираме бројот на возила кој го поседува ЈП „Македонија Пат“ не е доволен и тоа не е ново. Ваквата состојба трае не со години, туку со децении наназад. И покрај тоа што нема доволем број возила, дел од постоечките возила се доста застарени и често се случува додека интервенираат на патиштата да доаѓа до разни дефекти кои се отстрануваат на лице место, за да можат да продолжат со чистење, рече Ангелов.
Сепак, додаде, наша обврска како држава е во секој момент да бидеме подготвени без разлика што зборуваат прогнозите оти очекувано е во декември, јануари и февруари во било кој момент да има пообилни врнежи од снег.
-Ние како ЦУК стоиме на располагање на граѓаните секогаш кога ќе има загрозување на нивниот живот здравје или материјални добра. Тие треба да го повикаат бројот 195, а ние во координација со полицијата, а по потреба и со Армијата ќе им помогнеме на сите на кои им треба помош, рече Ангелов.