Ангелов со апел до градоначалниците: Општините да се погрижат за противпожарните единици

од Берта Китинска
154 прегледи

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска информираше дека во овој момент има еден активен пожар, што е ставен под целосна контрола и тоа во реонот на Липковската општина, поточно во шумите на Скопска црна гора.

-Во текот на вчерашниот ден имало шест поголеми активни пожари на отворено, а последните десетина дена имало повеќе од 20 пожари на отворено и тоа во општините Чашка, Македонски Брод, Неготино, Гевгелиско Миравци.Најчести причини за појава на пожарите, информира Ангелов, е човечкиот фактор и затоа апелираше до граѓаните да бидат внимателни и да ја почитуваат делумната забрана за движење во шуми, да не палат оган, скари и да не фрлааат догорчиња и отпушоци од цигари на отворено место.

Упати повик граѓаните да пријават пожар доколку забележат на бројот 195 на ЦУК или на 193 на Противпожарната служба.

-Секоја општина е должна да има тимови составени претежно од вработени во локалната самоуправа или други лица кои во случај на поголем пожар можат да бидат активирани во гаснење. Доколку овие сили на локалната самоуправа не се доволни, тие се должни да бараат помош од соседните општини. Ако и тие сили не се доволни се бара помош од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). ДЗС има два авиона кои моментално не се функционални односно не се функционални повеќе од две години и не може да се смета на нив,  изјави Ангелов

Слични содржини