213
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, бара од граѓаните да го остават Главниот штаб да си ја врши работата, што доаѓа по низата сугестии и барања за интервенции со хеликоптери за брзо гаснење на пожарите.
-Апелирам до сите наши граѓани до кроткиот македонски народ и сите останати кои наутро се јавуваат во емисиите и кажуваат како треба да го изгаснат пожарите нека продолжат и нека даваат идеи, нема зијан од идеи, но нека ни веруват нам на Главниот штаб затоа што ние име повеќе искуство и информации кои ги добиваме од терен од искусни служби, вели Ангелов.