Ангелов со благодарници за пилотите од регионот кои ги гасат пожарите, едниот од нив е македонски зет

од Nikola Popovski
61 прегледи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека синоќа директорот Стојанче Ангелов им доделил благодарници со пригоден подарок карактеристичен за Македонија, на храбрите пилоти од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, кои ни помагаат во справување со огнената стихија, во знак на почит и благодарност за она што го прават за нашата земја.

Еден од пилотите, капетан Ненад Дубљевиќ капетан – дел од Бел 412 во Воено Воздухопловство на Црна Гора, разговарал со Ангелов при што на македонски јазик кажал дека најголем проблем се пожарите во високите борови шуми.

Дубљевиќ открил дека учел и живеел во Македонија, па оттаму зборува македонски јазик, а и неговата сопруга е Македонка.

ЦУК во последното деноноќие регистрира вкупно 35 пожари. Од нив 12 се сè уште активни, а останатите 23 се изгасени. Најалармантно засега е во општина Македонски Брод, село Тажево кон Брезница. Гори борова шума-се интервенира од воздух. Вкупно активни се 12.

Дојава за пожар кај Башин мост вчера ги мобилизираше пожарникарите од Велес. Дејствуваа брзо на терен што е непристапен за возила. Постоеше опасност целиот рид брзо да пламне.

Се гасне од копно и воздух во велешко. Пожарот на планината Серта е ставен под контрола. По десет дена борба, во Калањево конечно е мирно, а проблемот сега е од штипска страна.

Првиот човек на Центарот за управување со кризи е задоволен од брзата реакција на пожарникарите на новите жаришта што се појавуваат.

Дождот не ги изгасна сите пожари, но за дел помогна да бидат ставени под контрола. Пожарникари, доброволци се на терен, а се гасне и од воздух.

Слични содржини