МВР ќе работи на целата територија на Скопје, но одлучивме првите 10-тина дена пожарната и брзата помош да функционираат само на територијата на Скопје. Се работи за сложен систем, моја проценка како директор на ЦУК треба да се гради во движење бидејќи не можеме да чекаме, вели Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК за Утрински брифинг за воведувањето на новата линија 112.
– Ние ќе бидеме еден филтер кој што ќе ги филтрира повиците и ќе се прави листа на приоритети, според однапред одредени алгоритми. Во случајот ние ќе бидеме лошиот гласник, бидејќи поради можностите барем во прво време нема да може да одговориме на сите повици, вели Ангелов.
Тој додава дека центарот ги прифати сите повици и никој нема да биде одбиен, но како што напомена Ангелов системот ќе се гради во движење.
-Остануваат да функционираат барем уште две години останатите броеви на МВР, брза помош, пожарна. Но тоа за граѓаните и не е толку важно она што е важно е да добијат брза и навремена услуга, појаснува Ангелов.
Во врска со начинот на кј работат операторите, Ангелов вели дека има прашалник по кој операторот се движи. Потоа многу лесно податоците одеднаш може да ги препрати на неколку места. Со пријавување кај операторот тој ги известува сите останати служби.
-Тоа значи дека со еден повик на располагање се сите служби. Го пробавме системот но вежбата никогаш не соодветствува на реална ситуација. Сепак, во првата фаза не очекуваме голем број на повици, треба време да се сменат и навиките и луѓето да научат да го користат овој број, изјави за Утрински брифинг директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов