Ангелов: Со НИКС системот ги имаме на дланка буквално сите информации за пожарите

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Преку НИКС (Next generation incident command) системот во реално време ги добиваме сите податоци и потоа ги дигитализираме. НИКС системот служи за просторно прикажување податоци во реално време, информира денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференцијата на која беше промовиран НИКС системот.

– Имаме визуелна претстава, ја имаме картата на Македонија пред нас, со кликање можеме да влеземе во кој било пожар, да видиме каков е неговиот статус, дали е изгаснат, дали е активен, дали е под контрола. Доколку е активен да видиме колку сили се на терен, колку припадници на противпожарните служби, од странските, домашните, колку припадници на полицијата и на Армијата се ангажирани, колку цистерни, колку возила, буквално сите информации ги имаме на дланка. Овој систем е во развојна фаза, но сега побарав да се забрза неговото финиширање и да биде ставен во употреба во служба на гаснењето на пожарите, појасни Ангелов.

Слични содржини