Ангелов со реакција до Петровска: УЧК и Ахмети ја започнаа војната во 2011, а не ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
343 прегледи

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале затоа што ВМРО ДПМНЕ во 2001 година, но и денес посакувало војна, објави утрово лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

Поранешниот генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција потсетува дека војната во 2001 ја започна УЧК „кој во своето комунике број 4 јасно кажа дека нивна цел е ослободување на вековните албански огништа од славомакедонскиот окупатор“.

-Со оглед дека вооржените дејствија се одвиваа во тетовскиот, скопскиот и кумановско – липковскиот регион се доаѓа до логичен заклучок дека според УЧК оваа територија е нивна а тие за да ја ослободат започнаа со напади и убивања на припадниците на македонските безбедносни сили а подоцна и на цивили Македонци. Впрочем и тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон најдобро опиша со кого си имаме работа дефиниријаки ги УЧК како убијци и разбојници, додава Ангелов.

Актуелниот директор на ЦУК упати директна порака до министерката за одбрана.

-Значи министерке Петровска, не ВМРО ДПМНЕ туку Али Ахмети и УЧК започнаа долго и внимателно подготвувана војна за да отцепат дел од македонската територија. Но ние, македонските бранители од 2001-та, тоа не им го дозволивме. Не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја, стои во реакцијата на Ангелов на социјалните мрежи.

„Денеска се навршуваат 23 години од загинувањето на припадници на безбедносните сили кај Вејце. Загинаа затоа што ДПМНЕ и тогаш, а за жал и денес, посакува војна“, кажа Петровска во неделата на денот кога се навршија 23 години од маскрот кај Вејце.

Слични содржини