Ангелов: „Спартан“ од Романија ќе го упатиме кон пожарот под Солунска глава

од Nikola Popovski
75 прегледи

Хеликоптерите кои се дојдени од странските земји за да помогнат околу пожарите, веќе се упатени на критичните места во државата. Според првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, во земјава веќе се пристигнати и двата противпожарни авиони од Романија. Едниот „Спартан“ фрла водни бомби од пет тона, а слетал и уште еден авион „Херкул“ како логистика на првиот.

Како што информира Ангелов, „Спартан“ од Романија ќе биде упатен кон пожарот под Солунска глава.

-Карактеристично за „Спартан“ е тоа што на местото каде ги фрла таканаречените водни бомби, не смее на има луѓе на земја, бидејќи водните бомби претставуваат опасност за нив, изјави Ангелов.

На земја работат поголем број на пожарникари, 100 припадници на АРМ, како и 30 полицајци.

Директорот на ЦУК упати голема благодарност до сите земји што испратија помош досега. Најави повеќе информации околу пожарите во текот на денот.

Слични содржини