Албанците не само што се изедначени, туку во многу сфери, за жал, предничат пред нас Македонците. ДУИ се постави уценувачки кон СДСМ и остатокот од коалицијата за одредени делови. Овој триумфализам што го видовме во овие 2-3 дена е всушност гол популизам. Талат Џафери го говори релативно добро македонскиот јазик и верувам дека зборува прво на албански, па на македонски јазик поради гласови и поради луѓето, рече лидерот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов во емисијата „Само вистина“.
Според Ангелов, тоа што Џафери најпрвин се обраќал на албански јазик во своите говори е штетно за меѓуетничките односи.
Претседателот на Достоинство оценува дека добар дел од Македонците се уште болно ги доживуваат ваквите болни процеси и појави, во кои, како што рече, команданти од УЧК кои што можеби убиле македонски војници и полицајци, денес да бидат на високи државни позиции.