Ангелов упати апел поради пожарите: Можеби ќе бидам хит на Фејсбук – сите знаеме од физика дека телата при загревање се шират, а жиците од бандерите се издолжуваат и допираат

од Nikola Popovski
120 прегледи

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов упати апел до граѓаните кои живеат или се движат во руралните средини и доколку забележат лабави електрични жици кои можеби ќе се допрат при дување на ветер, истото веднаш да го пријават на бројот 112 или да се јават во ЕВН. Ангелов предупредува дека жиците претставуваат потенцијална опасност за појава на пожари, а ЕВН нема капацитети за да може секојдневно да ги проверува жиците.

-Се работи за напуштени населби или села каде што има многу малку луѓе. Се случува бандерата да се накриви и да се направи мев или уште една работа која што ќе ми ја извадат на Фејсбук и ќе биде хит во наредниот период – сите знаеме од физика дека телата при загревање се шират, но жиците се издолжуваат и на средината се допираат. Летаат искри и сум зборувал со повеќе очевидци, паѓаат во сувата струја и за миг пожарот се шири. Екипите на ЕВН се совесни и вршат контроли, но премногу имаме вакви електрични инсталации низ македонските села и истите имаат бандери со жици, кажа денеска Ангелов во изјава за медиумите.