Ангелов верува дека најавените поројни дождови ќе помогнат во гасењето на пожарите

од Nikola Popovski
49 прегледи

Првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов ги повтори прогнозите на УХМР од каде соопштуваат дека вечерва се очекуваат поројни дождови во североистичниот дел од Македонија – пред се Куманово и делумно Крива Паланка, а во текот на ноќта целиот источен дел на државата ќе биде исто така зафатен со дождови. Ангелов верува дека тоа ќе помогне со справување со пожарите кај Македонска Каменица и кај Берово.

Ангелов соопшти дека пред малку Словенија и Франција испратиле понуди за помош од тимови со по 50 пожарникари и специјални возила за гаснење пожари. Понудите се разгледуваат и дополнително ќе се одлучи како ќе се постапи.

Директорот на ДЗС ја демантира СДСМ и критиките дека изгорени се повеќе од 20% од вкупната површина на шуми и пасишта.

-Го видов соопштението. Нормално е така да делува опозициска партија, иако ова соопштение ми изгледа многу познато и вакви соопштенија читав и пред 3,4,5 години од други партии. Тие ме ставија на оваа позиција и пред неколку години доста ја фалеа мојата работа. Сепак, ги разбирам. За разлика од минатата година, сега имаме огромен број на специјални возила и ако пресметам во тонови со вода, мислам дека разликата е навистина огромна, кажа меѓу другото Ангелов на денешната прес-конференција.