171
„Имав и се уште имам надеж. Таа последна умира“, вели претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов за денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека не очекува прашањето со Бугарија да се реши до 22 јуни/
Според него, тој верува дека овој месец Македонија ќе биде одблокирана од Бугарија и дека ќе ги започнеме преговорите со ЕУ.
„Никој не може да ми го одземе правото да се надевам. Од друга страна, само САД вршат искрен притисок за решавање на проблемот. Тоа е најмоќната светска сила. Верувам дека ќе се вклучат активно во погон и дека одредени бугарски авторитети ќе зажалт затоа што се спротивставија директно на САД“, посочува Ангелов.