На оваа влада и претстои тешка задача, затоа што е формирана додека трае пандемијата со Ковид 19, нивниот оптимизам би рекол дека ентузијазмот е нормална појава во секој почеток, се надевам дека тој нема да ги напушти новите министри и кога ќе се судрат со суровата реалност и проблемите, изјави Стојанче Ангелов во Само Вистина на Канал 5 телевизија.
Во врска со новата вицепремиерската позиција за корупција која ќе биде предводена од Љупчо Николовски, тој изјави дека владата најавува сериозна борба со корупцијата и дека доколку нема сериозност во неговата работата ќе бидат опоменати од ЕУ.
-Николовски доколку забележи дека некој човек во својата институција не ја извршува работата како што треба тој може да иницира постапка за негова смена, пред владата или собранието, така што верувам дека позицијата негова ќе има голема моќ, вели Ангелов.