456
„И да е намерна или ненамерна грешката со боите на знамето во спотот, одговорност мора да има и мора да се внимава, сепак ние сме држава“, вели претседателот на Достинство и директор на ЦУК, Стојанчев Ангелов за емисијата „Само вистина“, на прашањето за нашиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев.
Според него, ова е исто како со пејачката што ја промаши химната.
„Треба да бидат внимателни јавните изведувачи. Овде се претставува држава на Евровизија, која што повеќе е политички настан отколку уметнички. Неговото чувство како тој се определува како Македонец или Бугарин и дали има двојно државјнство се друга работа, но не смее да се манифестира“, нагласува Ангелов.