Ангелов: Зеленски направи одредени провокации, но тоа не е причина за војна

од Nikola Popovski
397 прегледи

Путин не станал едно утро и одлучил да ја нападне Украина. Се разбира дека за одлуката на напад, претходела низа дејствија. Имало воен консензус и се согласиле. Путин сам не ги носи одлуките. Тоа е воената тактика и беа убедени дека ќе направат блиц-криг, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во емисијата „Само вистина“.

Според него, насекаде се случуваат цивилни штитови при војни, не само во Украина.

-Не може да се оправда рускиот напад, иако претседателот Зеленски направи одредени провокации и најавите за трупањето кон НАТО. Потоа и околу негацијата на руското население, иако тоа не е доволна причина за војна. Самиот Зеленски е Евреин. Ние сме далеку од таму, до вчера не знаевме каде се наоѓа Украина. До пред неколку недели не ни зборевме за тоа. Сега одеднаш сите станавме експерти, тактичари и знаеме се за војните. Сум почувствувал како се војува во урбана средина. Тука руските сили заглавија. Ја изгубија предноста од отворено. Ова ќе потрае уште неколку месеци, ќе изгинат луѓе од двете страни на два братски народи, вели Ангелов.

Слични содржини