Ангеловска на годинешната конференција за е-трговија: Ова е историски момент за е-трговијата

229 прегледи

Под мотото „ E-трговија & КОВИД-19: Предизвици и можности!“, утринава во своето премиерно онлајн издание започна годишната конференција за е-трговија на која присуствуваат повеќе од 300 учесници, а свое излагање ќе имаат над триесет еминентни говорници од земјата и странство.

Програмата на конференцијата ќе опфаќа презентирани најактуелни теми поврзани со ефектите од Ковид-19 врз работењето на бизнисите и нивна адаптација кон е-трговијата од почетокот на пандемијата, а дополнително ќе биде ставен акцент и на инклузивната дигитална економија преку претставување на инспиративни приказни на жените амбасадори за е-трговија на „UNCTAD“.

„Ова е историски момент за е-трговијата. Исклучителни времиња бараат исклучителна трансформација.
Сега повеќе од било кога имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество кое значи
праведно и правично општество, општество кое нуди еднакви шанси и можности за сите, кое овозможува
побрз, позелен и одржлив економски развој. Северна Македонија има голем потенцијал за е-трговија, само
треба што поскоро да го отклучиме и да ја ставиме дигитализацијата на нашата нација во петта брзина”.
посочи претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска, во нејзиното поздравно обраќање.

Освен Ангеловска, присутните ги поздрави и Амбасадорката на САД во РСМ, Н.Е. Кејт Мари Брнз.

„Горди сме што им помогнавме на повеќе компании преку е-трговијата да обезбедат раст и опстанок на
нивниот бизнис. Преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во соработка со
Македонската асоцијација за е-трговија, поддржавме 40 компании да отворат свои нови продажни канали
и продавници онлајн“, изјави Н.Е. Кејт Мари Брнз.

На конференцијата ексклузивно ќе бидат презентирани резултатите од анализата за е-трговија со посебен
акцент на влијанието на Ковид-19, а присутните ќе имаат можност и да ги слушнат истакнатите Јориј
Абрахам – извршен директор на „Ecommerce Foundation“ и Барбара Сеса – раководител на дигитални
производи за широка потрошувачка за Европа во Мастеркард.

Годинашното издание на конференција ќе го збогатат и две UNCTAD амбасадорки за „E-трговија за жени” Хелианти Хилман, сопственичка na веб платформа за органски прехрамбени производи од Индонезија и Назанин Данешвар, директор на веб платформа за групно купување од Иран кои ќе зборуваат на панел дискусијата „E-trade for Women: Get Empowered & Inspired”, во која ќе се вклучи и Нина Ангеловска, која исто така е една од седумте амбасадорки за „E-трговија за жени”, назначени од UNCTAD.

Од домашните говорници, своја презентација ќе имаат Филомена Аспровска Пљаковска од Касис АД Скопје
и Иво Стојановски од A1 Македонија, Јана Дурнева од Phillip Morris International како и многу други еминентни претставници на компании за е-трговија или други чинители од екосистемот на е-трговијата, велат од Асоцијацијата.

Од АЕТМ уште еднаш го потенцираат одличниот интерес кој овие теми го имаат помеѓу македонската
експертска јавност, а истото се потврдува и со големата „онлајн“ посетеност со повеќе од 300 учесници од
150 компании, здруженија, организации и државни институции – акцентот е уште поголем посебно поради
фактот што годинава конференцијата се одржува онлајн.

Слични содржини