383
Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил објави дека целосно е реализирана првата бескаматна линија кредити за поддршка на ликвидноста на микро, малите и средни претпријатија од најзагрозените сектори – угостителство, туризам и сообраќај.
„Со првата кредитна линија поддржани се: 738 микро, мали и средни компании, 6.524 вработени“, вели министерката.
Додава дека просечен износ на даден кредит е 7.500 евра, додека вкупниот износ на доделени кредити преку оваа линија е 5,54 милиони евра.