Ангеловски емотивно по победата: Мојата сопруга се бори со Ковид 19, ова е победа за неа

609 прегледи

Македонската фудбалска репрезентација го слави се уште еуфорично историскиот триумф над големата Германија ос 1:2, благодарение на погодоците на Пандев и Елмас во синоќешниот меч.

По натпреварот на прес конференцијата се обрати и селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски, кој се чини е најзаслужен за низата историски успеси и пласмани на нашиот состав.

Тој имено, меѓу честитките и возбудата, не заборави синоќа да се заблагодари на својата сопруга која во моментов се бори со Ковид 19, и емотивно и се обрати неа и на неговите деца.

„Морам да кажам дека мојата сопруга е болна од коронавирус, додека јас сум овде. Беше во тешка состојба, хоспитализирана во една од приватните клиники, ја пуштија пред некој ден… Така што морам да кажам дека оваа победа е за неа, за моите деца, тие се мојата најголема поддршка. Исто и за целиот медицински персонал кој се бореше за нејзиниот живот и со кризата“, рече нашиот селектор.

Ангеловски испиша историја, а покажа и дека Македонија е најсилна против најсилните.

Слични содржини