402
Изборите поминаа мирно и без поголеми инциденти, вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во директно вклучување на вестите на ТВ Сител.
Според него, во овие избори имаме помалку приведувања и биле многу помирни во однос на претходните што сме ги имале.
-Имаме сликање на гласачките ливчиња, искинати ливчиња, но преземаме мерки. Во глобала, изборите поминаа мирно, а МВР си ја заврши својата работа како што треба, рече Ангеловски.