Првиот човек на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски смета дека треба да се случат одредени промени, со цел бизнисот да има повеќе позитивни резултати во следниот период.
-Во самото појавување на кризата, првенствено треба да се делува со одредени мерки, со цел да се пресретне кризата. Пикот на енергетската криза беше во текот на летото, кога се случи сметките за струја кај компаниите на слободниот пазар, изнесуваа и до 8 пати зголемување на цените. Врзано со количините, тоа беа сметки за струја кои никогаш претходно една компанија од тој тип во Македонија не ги добила. Енергетската криза беше една од најсложените ситуации кои се случиле во последните години во македонската економија. Потребни се големи реформи во следниот период и мора да се продолжи одредени работи да се постават на колосек како што функционира целиот развиен свет, рече Ангеловски во вестите на Тв Сител.