Ангеловски: Покрај војната во Украина, постои ризик и од нова ковид-криза од Азија

од Nikola Popovski
276 прегледи

Се плашам да не застанеме само на негативна проекција. Имаме нова неповолна ситуација. Во Азија прогресира короната и таму имаат строг пристап кон тие работи, има карантини. Шангај е затворен и се наметнува прашањето уште колку од тие пристаништа таму ќе бидат затворени. Се плашам дека на украинската криза, ќе се надоврзе и оваа ковид-криза во Азија, што дополнително ќе ја влоши целата ситуација. Има ли крај ова, вели Трајан Ангеловски од Сојузот на стопански комори.

Според него, многу брзо се менуваат епизодите и се надоврзуваат лошите ситуации.

-Не добиваме позитивни сигнали. Ќе видиме во кој правец ќе оди. Намалена е потрошувачката во стопанството. Се случи ценовен шок. Веднаш психички влијае на луѓето, ги стопираат своите инвестиции, но тоа уште толку ја усложнува ситуацијата. Станува комплицирано, информира Ангеловски, одговарајќи на прашањето што може да се очекува до крајот на годината за македонската економија.

Слични содржини