299
Ако во август лани имавме 19 жртви на патиштата, овој август имаше само 3. Ако ланскиот септември имавме 15 жртви, досега имаме само една и се надеваме дека ќе остане така, вели портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Тој истакна дека правилата мора да се почитуваат и дека важат за сите затоа што со тоа се заштитуваме и себеси но и другите во сообраќајот. Сепак, во текот на вчерашниот ден се изречени дури 310 казни за пречекорување на брзината.
-Секој сака да стигне една минута порано, но таа минута може да чини живот. Ирелевантна е големината на казната, важното е да се зачува животот, вели Ангеловски.