Ангеловски: Во 2020. година бележиме намалување од 21% на бројот на сообраќајни незгоди

317 прегледи

Единицата за безбедност во сообраќајот при МВР, спроведуваат засилена акциска контрола во територијата на Штип, каде санкционирани се 118 возачи, од кои 57 возеле со поголема брзина од дозволената.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, потенцираше дека засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, наведувајќи дека е евидентно дека има намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат.

„Во ноември 2020 година споредено со ноември 2019 година имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги спродиме со декември 2020 година со декември 2019 година имаме намалување од 21 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата“, нагласи Ангеловски.

Ангеловски и од Штип упати апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Потенцира дека покрај репресивните мерки, МВР презема паралелно и превентивни мерки и кампањи.

Одговарајќи на новинарско прашање Ангеловски информира дека предвидено е одземените возила на одреден временски период да се чуваат пред се во круговите на Полициските станици, зависно од просторните можности.

Прашан дали ќе им се одзема возилото и на оние возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, портпаролот на МВР истакна дека за тие возачи е предвидено е ако во рок од една година го повтори прекршокот му се одзема возачката дозвола.

Слични содржини