Анѓушев ја обжалил одлуката за црната листа, но тоа нема ништо да смени – постојат многу докази, порача Агелер

од Nikola Popovski
300 прегледи

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер денеска на брифинг со новинарите порача дека имаат голем број докази и случаи за бизнисменот и екс-вицепремиер Кочо Анѓушев и неговото назначување на црната листа на САД. Таа информира дека Анѓушев веќе ја обжалил одлуката на Стејт Департментот преку свој адвокат во САД, но тоа ништо нема да смени.

Агелер напомена дека во Северна Македонија постои епидемија на корупцијата, присутна е во сите пори на општеството и е значително зголемена во изминатите десет години. Истакна дека е длабоко разочарана дека во изминатите 32 години колку што имаме меѓусебни односи, САД издвоија над 500 милиони долари за владеење на правото и добро владеење во Македонија.

-Кога велиме дека некој е корумпиран, 100 проценти сме сигурни во тоа. Не ставаме луѓе на црна листа врз основа на сомнежи или на чувства. Не станува збор за сомнеж, децидна е амбасадорката.

-Ова се најочигледни случаи, порача Агелер за веќе санкционираните и за тие што се сега под лупа. Но, додаде таа, со часови можеме да кажуваме имиња.

-Ќе има нови имиња со корумпирани функционери и бизнисмени, кажа таа.

Анѓушев беше ставен на американската „црна листа“ поради „значителна корупција“. Со оваа одлука на Анѓушев му се забранува влез во САД.

-Додека ја извршувал функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотребил својата службена позиција за корист на негови приватни бизнис интереси, со што ја поткопал довербата кај јавноста на Северна Македонија во владините институции и јавните процеси, стои во образложението од Стејт Департментот.

Анѓушев беше вицепремиер за економски прашања во периодот од 2017 до 2020 година, во претходната Влада на премиерот Зоран Заев.

На „црната листа“ на САД, поради корупција последниов период беа ставени и поранешниот премиер Никола Груевски, екс-директорот на безбедносните служби Сашо Мијалков, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, како и бизнисмените Орце Камчев и Сергеј Самсоненко.

Слични содржини