Анѓушев: Уште од минатата година ги советувавме сите кои имаат фотоволтаични електрани да инвестираат во батерии

од Nikola Popovski
57 прегледи

Ние како компанија која проектира и гради електрани на обновливи извори, уште од минатата година ги советувавме сите кои имаат фотоволтаични електрани да инвестираат во батерии, но знаете како е: секој финансиски се пресметува, можеби и чека дали проблемот некако ќе биде надминат за сите, без дополнителен трошок, но тоа не може да се случи. Едноставно, има многу електрчана енергија од фотоволтаични централи и тоа е така во целиот регион, вели Тодор Анѓушев, управител на компанијата ЕМС, во рамките на ФЕРОИНВЕСТ во интервју за „Капитал“.

Според него, единствено решение е да ја складирате во батерии, па да ја користите или продавате подоцна, кога заштедата и приходите би биле поголеми.

-ФЕРОИНВЕСТ почна да работи на решенија за батерии уште пред 3 години, кога оваа тема не се ни споменуваше и кога сите размислуваа само за фотоволтаици. Батериите се далеку посложен енергетски објект кој бара секојдневно програмирање, мониторинг и одржување. Има многу скриени технички карактеристики, како на пример инсталиран наспроти употреблив капацитет на складирање, или пак софтверски стратегии за контрола на батеријата кои не се компатибилни со пазарните прилики во Македонија. За правилно и долгогодишно функционирање на батеријата потребно е најпрвин да се избере квалитетен и докажан бренд. Понатаму, потребно е батеријата да биде инсталирана и пуштена во употреба од технички обучен и сертифициран кадар, како што е случајот со инженерите во нашата компанија, посочува Анѓушев.

Слични содржини