Англичаните ги поместија саботните натпревари поради погребот на принцот Филип

од Nikola Popovski

Дуелот од Премиер лигата меѓу Вулверхемптон и Шефилд Јунајтед, кој е закажан за во сабота попладне, е преместен во вечерниот термин од 21.15 часот, поради погребот на покојниот принц Филип.

Клубовите требаше да се состанат во Мулино во 16 часот (15 часот по британско време), но Премиер лигата одлучи да се премести во вечерните часови поради почит кон неговото височество, бидејќи погребот на принцот беше закажан за во сабота попладне, што ќе биде емитуван на националната телевизија.

Интересно е дека натпреварот помеѓу Њукасл и Вест Хем, кој е закажан за 13.30 часот во сабота, исто така останува во најавениот термин, додека има индиции дека поради кралскиот погреб, полуфиналниот натпревар од Купот на ФА помеѓу Манчестер Сити и Челзи ќе биде одложен од 18.30 часот.

Фактот дека сите натпревари од пониските лиги, кои традиционално се играат во сабота во 15 часот, се преместени во друг термин, сведочи колку островјаните се придржуваат до традицијата.

Слични содржини