Англичаните имаат најмногу играчи во Топ 11 најскапи поединци на ЕУРО 2024

од Vladimir Zorba
2,3K прегледи

Не знаеме дали фудбалската репрезентација на Англија конечно ќе освои нова континентална титула, но она што веќе е познато е дека „Гордиот Албион“ има најмногу играчи во Топ 11 најскапи играчи на Европското првенство кое денеска започнува во Германија.

Дури четири, според Transfermarkt. Специјализираниот фудбалски сајт, кој ја мери пазарната вредност на секој поединечен учесник на ЕУРО 2024, дојде до сознание дека Англичаните имаат квартет скапи адути.

Почнувајќи од Трент Александер-Арнолд, кого го ставија во „идеалните 11“ на позицијата десен бек, со вредност од 70.000.000 евра. Следен е Деклан Рајс, како дел од задните играчи од средниот ред (120.000.000).

Пред него во улога на крилен играч на средината на теренот е Фил Фоден (150 милиони), како и Џуд Белингем на позицијата централен играч за врска во тројката зад шпицот (180.000.000) .

Португалците се втори по број: голманот Диого Коста (40.000.000), стоперот Рубен Диаш (80.000.000) и левото крило Рафаел Леао (90.000.000).

Франција ја претставуваат левиот стопер Вилијам Салиба (80.000.000) и центарфорот Килијан Мбапе (180 милиони).

Има еден Хрват – Јошко Гвардиол (лев бек, 75.000.000) и Шпанецот Родри, доделен на позицијата втор одбранбен играч за врска во најскапиот состав на шампионатот (120.000.000).

Слични содржини