14
Новата сезона на англиската Премиер лига ќе започне во петок, 15 август, а бранителот на титулата Ливерпул ќе биде домаќин на Борнмут на „Енфилд“, како што одлучи ждрепката денеска.
Веќе има големо дерби на програмата во 1. коло, бидејќи во недела, 17 август, Манчестер Јунајтед ќе го пречека вицешампионот Арсенал на „Олд Трафорд“.
Во другите натпревари од 1. коло ќе играат: Астон Вила – Њукасл Јунајтед, Брајтон и Хоув Албион – Фулам, Нотингем Форест – Брентфорд, Сандерленд – Вест Хем Јунајтед, Тотенхем Хотспур – Барнли, Вулверхемптон Вондерерс – Манчестер Сити, Челси – Кристал Палас и Лидс Јунајтед – Евертон.
Првенството ќе заврши на 24 мај, само 18 дена пред почетокот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.