Англичаните се „мајстори за симулации“, објави Венгер

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Арсен Венгер ги објави Англичаните за „мајстори за симулации“ два дена пред дербито на Северен Лондон помеѓу Арсенал и Тотенхем.
Деле Али од Тотенхем доби жолт картон во дуелот со Ливерпул токму заради таквото дејство, а клубскиот колега Хари Кејн беше обвинет од Вирџил ван Дајк за симулација при првиот пенал во истиот натпревар.

„Се сеќавам колку контроверзии имало во некои случаи кога странците направиле такво нешто. Сепак, англиските фудбалери очигледно брзо учат и веројатно се најдобри во симулациите“, рече Венгер.

Во ноември Французинот не штедеше критики и кон Рахим Стирлинг, за кого рече дека „симулирал добро“ по поразот на Арсенал од Манчестер Сити со 1:3. Тој дефинитивно не се согласува со Маурисио Почетино, кој по дуелот со Ливерпул изјави дека во фудбалот, важно е да го измамиш противникот.

„Симулациите немаат место во фудбалот и ние треба да се ослободиме од нив. Никогаш не им кажувам на моите играчи да симулираат. Понекогаш играчите можат малку да си играат со правилата. Колку далеку можат да одат, зависи од судиите“, додаде тој.

Како што е познато од оваа сезона во Англија беше воведена казна од 2 натпревари за симулација, откако комисија од тројца разгледува одделни ситуации и може да наметне санкција.

Слични содржини