За смртта на кралицата Елизабета тагува цела Велика Британија и од неа се простуваат многу јавни личности.
Истото го направи и фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, кој поголемиот дел од кариерата го мина играјќи во Англија.
„Седум години од мојата кариера играв во Премиер лигата и ова е моја осма година што живеам во Англија. Во текот на сите овие години ја чувствував љубовта на Обединетото Кралство кон нејзината кралица и колку нејзиното величество било и ќе биде засекогаш важно за британскиот народ. Му оддавам почит на нејзиниот спомен и жалам за оваа непоправлива загуба на земјата што научив да ја нарекувам дом. Моите мисли и молитви се со кралското семејство“, напиша Роналдо.
Португалецот оваа сезона одигра седум натпревари, но се уште не се запишал во листата на стрелци.
Поради смртта на кралицата Елизабета, како што првично беше најавено, ќе бидат одложени сите натпревари од следното коло во Премиер лигата.
View this post on Instagram