Герет Саутгејт е поранешен селектор, а Англија по Европското првенство избра нов селектор и прилично изненадувачки. Како привремено решение беше назначен Ли Карсли, поранешниот тренер на младинската селекција на земјата.
Карсли нема големо искуство како менаџер или тренер, главно краткорочно решение беше во Ковентри (двапати) и Бирмингем, а пред младинската репрезентација на Англија раководеше само со Брентфорд.
Сепак, Англичаните мораа да одредат некого за натпреварите во Лигата на нации и изборот падна на 50-годишниот стручњак, познат пред се по својата играчка кариера (Дерби, Блекбурн, Ковентри, Евертон, Бирмингем). Исто така, референца му беше дека со јуниорите на Горди Албион беше шампион на Европа.
ФА објасни дека барањето на Карсли за тренерската позиција било најдобро од сите конкуренти, барем засега. Останува да видиме како ќе помине на жешката клупа и колку ќе издржи.
Тој ќе дебитира на 7 септември во Даблин против Република Ирска, што е меч кој секако ќе биде под лупата на тамошната јавност.
Англија заврши на второто место на ЕУРО, губејќи од Шпанија во финалето, по што Саутгејт поднесе оставка.