Англија го освои домашното Европско првенство за жени и со тоа за првпат стапна на европскиот фудбалски врв. Во финалето на Вембли, женската екипа на „Трите лава“ постигна успех со 2:1 над Германија по продолженијата и со тоа го исполни сонот за триумф на свој терен.
Така, за прв пат во историјата, без разлика дали за мажи или за жени, Англија е европски првак. За разлика од машката селекција која пред една година го загуби европското финале од Италија на Вембли, нивните колешки од репрезентацијата успешно ја завршија задачата и го освоија „домашното“ Европско првенство. Тоа беше дури и против носителот на титулата на турнирот, Германија, чиј женски тим стана континентален шампион во осум од претходните десет изданија на шампионатот.
„Бундестимот“ победи против Англија во финалето во 2009 година со 6:2, но сега „Трите лава“ се реваншираа, иако со многу поскромен резултат. Англичанките загубија уште едно финале – во првото издание во 1984 година, кога Шведска победи на пенали по нерешените 1-1 на двата меѓусебни натпревари.
Германија, која имаше само победи на претходните пет натпревари на турнирот, мораше да игра без својот најдобар стрелец – Александра Поп, која се повреди на загревањето пред натпреварот.
Како и да е, Англија заслужено го крена европскиот куп откако забележа само успеси во шесте натпревари во ова натпреварување.