18
Бројот на деца во Англија кои се упатени на итен третман поради проблеми со менталното здравје е зголемен за 10 отсто за една година, покажуваат податоците на добротворната организација за ментално здравје Young Minds.
Според овие податоци, во периодот од април до октомври 2024 година имало 34.793 случаи на итно упатување на деца и адолесценти на лекување поради ментални здравствени проблеми, објави „Гардијан“.
Тоа е зголемување од 10 проценти во споредба со 31.749 вакви случаи во истиот шестмесечен период во 2023 година.