Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Вили Стивенсон, почина на 85-годишна возраст, оставувајќи зад себе богата кариера и незаборавни спомени кај љубителите на фудбалот. Тажната вест ја потврди клубот од „Енфилд“, кој со емотивна порака се прости од својот поранешен играч.
„Длабоко сме ожалостени од смртта на нашиот поранешен играч Вили Стивенсон. Мислите на сите нас во Ливерпул се со неговото семејство во ова тешко време. Почивај во мир, Вили“, стои во објавата на Ливерпул.
Стивенсон беше дел од „црвените“ од 1962 до 1967 година, период во кој одигра значајна улога во успехот на тимот. Тој освои две титули во англискиот шампионат – во 1964 и 1966 година, и беше дел од историскиот тим што во 1965 година го освои првиот ФА Куп во историјата на клубот.
Rest in peace, Willie Stevenson. pic.twitter.com/ogObyIciOm
— Liverpool FC (@LFC) May 27, 2025
Во Ливерпул пристигна од шкотскиот клуб Глазгов Ренџерс во октомври 1962 година. По пет успешни години во црвениот дрес, Стивенсон ја продолжи кариерата во Стоук Сити, каде што одигра повеќе од 100 натпревари. Фудбалскиот свет се простува со една вистинска легенда, човек кој остави трага во англискиот фудбал и во срцата на навивачите. Почивај во мир, Вили Стивенсон.