Англиска експертка: Новиот вид на Ковид-19 има 22 мутации

од Nikola Popovski
160 прегледи

„Новиот вид на коронавирус, кој брзо се шири низ делови на јужна Англија, има невообичаено голем број мутации, дури 22“, изјавила британскиот вируолог Венди Баркли.

Професорката Баркли, раководител на одделот за инфективни болести на Кралскиот колеџ во Лондон, навела за Би-Би-Си Радио 4 дека „обично се забележуваат една до две промени во вирусот, но дека новиот вид на Ковид-19 има 22“.

„Ова е итен знак за предупредување. Сепак, морам да додадам дека е биолошки можно вирусот да се промени на овој начин поради овие мутации“, рекла таа.

Професорката нагласила дека најважно сега е да откриеме дали вакцините се сепак подеднакво ефикасни против новиот вид на коронавирусот.

Слични содржини