Премиерот на Велика Британија, БорисЏонсон, потврди дека публиката ќе се врати на англиските стадиони од втората половина на мај.
Џонсон го потврди враќањето на публиката на стадионите од 17 мај, а за почеток, стадионот ќе може да прими до десет илјади гледачи, или 25 проценти од капацитетот на стадионот.
Првиот приоритет на британската влада е отворање на училиштата, што се очекува од 8 март, додека спортовите на отворено, како фудбал, голф или тенис, ќе бидат дозволени по 29 март.
Англија ќе биде домаќин на натпреварите на Европското првенство во фудбал на лето.