261
Фудбалскиот клуб Дерби Каунти поднел барање за стечај.
Според клубот, тие немале друг избор поради различни фактори, вклучувајќи промена во сопственичката структура и пандемија што влијае на приходите на клубот.
Дерби е под трансфер ембарго, и сега тие би можеле да се соочат со нови проблеми.
Ним им се заканува одземање од 12 поени.
„Англиската фудбалска лига може да потврди дека клубот е под истрага. Како резултат на тоа, на клубот му се заканува губење на 12 бода“, се наведува.
Дерби ќе може да се жали, но прашање е дали тоа ќе има ефект.