„Црвените ѓаволи“ им приредија ново разочарување на своите навивачи, на „Енфилд“ загубија од Ливерпул со 4:0.
Англиските медиуми, по уште една бламажа, веќе немаа милост кон тимот предводен од Ралф Рангник.
„Тимот на Јирген Клоп, инспириран од брилијантниот Тиаго Алкантара, направи уште еден чекор кон обезбедување на најуспешната сезона во клупската историја. Спротивно на тоа, слабиот и хаотичен тим на Јунајтед покажа точно зошто ја игра својата најлоша сезона од 1980-тите“, пишува The Sun.
„Гардијан“ напиша дека гостите морале многу брзо да заборават за поволен резултат.
„Јунајтед беше во хаос, особено во првото полувреме. Нивниот пораз беше неизбежен бидејќи Луис Дијаз го доведе Ливерпул во водство. Тие паднаа на колена кога Мохамед Салах налета на додавањето на Диого Жота и го постигна четвртиот гол“.
„Индепендент“ пишува дека тоа беше срамна игра на Јунајтед. Новинарите велат дека Манчестер Јунајтед не може да го спречи Ливерпул да ја освои 20-тата титула или тројната круна. Тие исто така ја истакнаа важноста на Салах, Мане и Дијаз за играта на Ливерпул.
„Ова е најлошиот тим на Јунајтед во историјата на Премиер лигата и целосно го заслужува скандирањето на навивачите дека не сте способни да го носите дресот на Јунајтед. Ваквиот пораз е најдобар пример за тоа“, напиша „Манчестер Ивнинг Њуз“.