Англиски репрезентативец во дилема дали да игра против Србија или не

од Nikola Popovski
3,1K прегледи

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо изјавил дека би сакал да игра на отворањето на Европското првенство за Англија против Србија, но не сака да ризикува бидејќи се враќа по долгата пауза поради повреда.

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт претходно оваа недела изјави дека се „коцкал“ со Шо, кој последен пат играше во февруари кога заработи повреда на мускулот во победата на Јунајтед од 2-1 кај Лутон.

„Ако тренерот побара од мене да играм, никогаш нема да кажам „не“. Но, не требаше да играм во Лутон“, изјавил Шо.

„Помалку сите се виновни. Делумно моја вина, делумно медицинскиот персонал на Јунајтед. Се вратив пребрзо и навистина заработив уште една повреда на тетивата. Се обидов да направам се што можам за да бидам подготвен за Јунајтед“, додал тој.

Запрашан дали ќе игра против Србија во групата Ц на 16 јуни, Шо рекол:

„Тоа навистина не зависи од мене. Сега одиме ден по ден, па ќе видиме како ќе се чувствувам на тренинзите. Би сакал да го одиграм првиот натпревар, но не сакам да брзам бидејќи реално имам само една шанса. Ако чувствувам нешто, тоа е тоа. Не сакам тоа да се случи“, рекол репрезентативецот, додавајќи дека поразот на Англија со 0:1 од Исланд на последниот подготвителен натпревар пред ЕП во петокот всушност бил корисен.

„Ова можеше да биде најдоброто нешто што ни се случи. Ова не натера да сфатиме дека одењето во Германија нема да биде лесен пат. Тоа ќе бара голема одлучност од тимот“, изјавил играчот на Јунајтед.

Слични содржини