Анѓушев ќе ги тужи ИРЛ, ЗНМ со поддршка до новинарите

од Nikola Popovski
397 прегледи

Претседателот на ЗНМ и новинар Младен Чадиковски упати поддршка до новинарите од ИРЛ, поради најавите за тужба од поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев.

„Периодот на закани со тжби требаше да е зад нас особено од моќни бизнисмени и функционери кои мора да имаат повисок праг на толеранција кон издржаните критики. Стоиме зад новинарите, со правна и друга помош за било кој предизвик. Честитки за редакцијата на IRL за првата емисија, во професионалноста и храброста за подигање на стандардите во новинарството“, стои во објавата на Чадиковски.

Новинарката од ИРЛ, Сашка Цветковска објави дека Анѓушев најавил тужба за неа и ИРЛ.

„Сепак истакна дека ја почитува слободата на изразување. Подготвени сме за сите предизвици. Срдечно, тимот на ИРЛ“, истакна таа.

Истражувачката репортерска лабораторија и Македонската радио телевизија во документарецот „Заговор против воздухот“ го отвора прашањето за загадениот воздух во Македонија, како и мазутот кој се увезувал кај нас.

Најголем „клиент“ на компанија од Кичево, која го увезувала спорното масло од Чешка преку Босна и Херцеговина, е поранешната фабрика ФЕНИ, а сега „Еуроникел“ од Кавадарци. Друга позната домашна компанија која го користела горивото е „Брако“ на бизнисменот и поранешен функционер Кочо Анѓушев. Според ИРЛ, двете компании почнале да го користат „босанскиот“ мазут по средба во Владата меѓу Кочо Анѓушев, како тогашен вицепремиер, и претставници на босанската и домашната фирма вклучени во набавката.

Слични содржини