Анѓушев: Не е точно дека граѓаните сами ќе купуваат калориметри

од desk2
76 прегледи

Граѓаните кои се приклучени на системот за централно греење нема да мора сами да набавуваат мерачи за топлинска енергија за радијаторите и за тоа да треба да одвојат сопствени средства, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, по најавите дека со новиот закон топлинскат енергија ќе се наплаќа по потрошено, а не по квадрат.

– Тоа е дезинформација која не знам од кои причини се шири. Мерачи ќе има и ќе се најдат финасиски средства да бидат платени, а да не бидат на товар на граѓаните. Нивната набавката ќе биде регулирана со подзаконски акти, а граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци – изјави Анѓушев по отворањето на „Националната работилница за градење капацитети и подигнување на свеста за искористување на можностите за соработка со Зелениот климатски фонд“.

Тој посочи дека има различни начини како да се набават, преку фондови да се обезбедат средства за воведување на калориметри во домаќинствата или да помогне државата. Во преговори се, како што кажа, со повеќе институции меѓу кои и со Хабитат и Зелениот климатски фонд.