Анѓушев: Секоја држава носи даночна политика за која цени дека ќе биде атрактивна за економијата

од desk2
90 прегледи

Во Македонија во моментов се води само дискусија за промена на персоналниот данок, а сите останати даноци и понатаму остануваат исти, оцени денеска вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев.


– Данокот на добивка, данокот на имот и сите останати даноци остануваат исти и не се под прашање. Предмет на дискусија во Владата е само прагот на платата над која ќе се зголеми персоналниот данок. Таа дискусија ќе ја прошириме со целокупната зантересирана јавност и сите чинители на економското живеење во земјава, изјави вицепремеирот Анѓушев, одоговарајќи на прашање по промоцијата на Прекотот за зголемување на компетитивноста на малите и средните претпријатија во земјава со цел да се подобри нивната соработка со странскте инвестиции.

Тој потенцира дека зголемувањето на персоналниот данок за одредена категорија граѓани претставува социјална правда и порамномерен товар на даночната политика.

– Секоја држава носи сопствена даночна политика така како што цени дека ќе биде атрактивна за економијата, рече Анѓушев и додаде дека даночната политика во Република Македонија е усогласена со политиката во Европската унија.

Во земјава, како што посочи, во делот на фискалната политика покрај ставање под контрола на сивата економија има и простор за други типови на поголема фискална дисциплина, пред се, кај трансферните цени на компаниите кои имаат свои компании ќерки во другите држави.

– Спорен е начинот на префактурирање, односно на наплаќање или ценовната политика на компаниите кога си продаваат компанија мајка на ќерка од една во друга држава. Тоа е причината за многу пропаднати фабрики во земјава како и една од најголемите причини поради кои Фени дојде во ситуацијата во која дојде, рече Анѓушев и посочи дека треба да се зголеми имплементацијата на легислативата за трансферни цени.
Нагласи дека во овој дел има можност за големо подобрување за да се заштитат даночните приходи во Македонија и полнењето на Буџетот.

– Покрај тоа, продажбата во земјоделството се одвива директно од нива на кванташки пазар и се завршува надвор од финансиските текови. Мора да работиме и на тоа, но периодот од 10 месеци е прекраток да се анулираат сите работи. Сепак добро е што се нотирани, заклучи Анѓушев.